@tri.di.me 3D printing solutions

3D печатење и 3D дизајн.
Готов производ.
Проценка на цена.
Изработка на твојата идеја.

Скролај за да избереш

Со што можеме да ти помогнеме?

Готови производи

Сите производи се или оригинални tri.di.me дизајни или модели со дозволена комерцијална употреба. Нарачката се потврдува преку порака или повик — ќе добиеш точен рок пред да почнеме со печатење.

Калкулатор

Цената е од информативен карактер и може да варира.

Прикачи го твојот 3D модел

Повлечи го фајлот тука или избери од компјутер.
Поддржани формати: STL, 3MF, OBJ.

Фајлот се обработува локално во твојот прелистувач — не се качува на сервер.

Влечи за ротација · скрол за зум
Материјал
Профил на печатење · информативно, конечните поставки ги одредуваме ние
Боја
Количина
1

Читам геометрија…

Проценета цена
ден

Ова е проценета цена. Конечната цена може да варира зависно од подготовката на моделот, потребните support структури и конечните print settings.

Ако моделот е во повеќе бои, цената може да биде поголема од прикажаната.

Како да го подготвиш моделот за успешен 3D принт?

Неколку практични работи ја одредуваат разликата помеѓу дел што работи и дел што се крши — ориентацијата, насоката на силата, дебелината на ѕидовите, поддршките и геометријата. Подготовката и печатењето ги правиме ние; ова е тука за да знаеш што влијае на резултатот и на цената.

Ако не си сигурен како да го подготвиш моделот — не мачи се. Испрати ни го таков каков што е и ние ќе го провериме и поправиме пред печатење.

Твој концепт, наша реализација

Ако имате идеја или потреба од производ, но немате готов 3D модел или не знаете како да ја реализирате идејата, контактирајте нè. Ќе ја разгледаме идејата и ќе ви помогнеме да стигнете до функционално решение.

Ако имате скршен пластичен дел и не можете да најдете замена, можеме да го измериме, рекреираме и изработиме повторно.

Од идеја до модел

Почнуваме од скица, фотографија или само опис. Го дизајнираме моделот, го усогласуваме со тебе и го печатиме.

  • Разговор за намената и оптоварувањето на делот
  • 3D дизајн и приказ пред печатење
  • Тест примерок кога делот мора да се вклопи некаде
  • Финална изработка во избран материјал и боја

Рекреирање на постоечки дел

Кога оригиналниот дел веќе не се произведува. Го мериме постоечкиот дел, го цртаме одново и го печатиме — со можност за зајакнување таму каде што пукнал.

  • Прецизно мерење на постоечкиот дел или неговите остатоци
  • Изработка на 3D модел според мерките
  • Проверка на вклопување пред финалната изработка
  • Избор на посилен материјал ако делот трпи оптоварување

Најбрзо одговараме на Viber и WhatsApp. Прати фотографија на делот од неколку страни и, ако е можно, мерки.

Место за видео/GIF од принтерот Замени го овој блок со сопствено снимање на печатењето. Не користиме туѓи или AI-генерирани слики на принтерот.

Вашите модели ги печати